Цел на посетата е да се сумираат остварените резултати во текот на изминатата година. Јанкулоска истакна дека е задоволна од досега сработеното.
Цел на посетата е да се сумираат остварените резултати во текот на изминатата година. Јанкулоска истакна дека е задоволна од досега сработеното.
Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја посети Езерската полиција за да се запознае со сработеното во изминатите 12 месеци. Јанкулоска потенцира дека е задоволна од остварените резултати во изминатата година.
Јанкулоска истакна дека Езерската полиција во целост се залага околу заштитата на флората и фауната во езерото, како и за обезбедувањето на државната граница, чие одбележување не е завршено.
За да се продолжи со одбележувањето на границата се чека подобрување на временските услови- рече првиот човек на Министерството за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, при денешната посета на Охрид се осврна и на претстојните Локални и претседателски избори. Подготовките се во целост завршени- изготвени се плановите за безбедност и постапување на полицијата.
Министерката Јанкулоска потенцира дека одржувањето на изборите во фер и демократска атмосфера, во најголем дел, сепак зависи од нив.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град