Министерот за образование се сретна со новите професори во „Св. Апостол Павле“

Разговарале околу очекувањата од годината што претстои, но и околу новите студиски програми кои би се вовеле во иднина.

 |  Мишел Наумоски  | 
obrazovanie Kralev
образование Кралев

Министерот за образование и наука, Панче Кралев, работно во Охрид. Тој го посети Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, каде оствари средби со новите странски професори кои ќе предаваат во рамките на овој Универзитет. Се работи за вкупно петмина нови професори, односно тројца американски и по еден професор од Иран и Италија. Тие разговарале за нивните очекувања од годината што претстои, но и за новите програми кои евентуално би се вовеле на овој универзитет.

minister Kralev„Од самите разговори понатаму планираме тоа да биде континуирана комуникација помеѓу Министерството и Универзитетот како што тоа го правевме досега, со единствена цел самата рамка на функционирање на универзитетот да биде надополнета и унапредена. Верувам дека новите професори тоа ќе го овозможат на некој начин на сите студенти кои се примени на универзитетот, да имаат пристап до најсовремените знаења кои самите професори ќе ги пренесат од универзитетите каде што предавале досега.“-рече министерот за образование и наука, Панче Кралев.

Задоволство изразија и од ректоратот на Универзитетот. Проректорот, доцент д-р Устијана Речкоска-Шикоска вели дека тие продолжуваат со наставните програми и обновување на соработките со меѓународните универзитети, но и со научно-истражувачката работа.

Univerzitet informatika„Имавме конструктивна средба, разговори околу прашања за унапредување на универзитетот, околу наставните програми, наставниот кадар, новите странски и домашни студенти. Се во насока за унапредување на кавлитетот на наставата, на меѓународната соработка од која што ние како универзитет и Министерството и Владата на Република Македонија како и целокупниот наставен, научен кадар и студентите сме особено задоволни.“-вели проректорот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, Устијана Речкоска-Шикоска.

Инаку во рамките на денешната посета на Охрид, министерот Кралев ќе земе и учество на Конференцијата на ОБСЕ за превенција на конфликти и медијација во училиштата, а на која ќе бидат донесени бројни работни заклучоци од аспект на стратегиите кои ги имплементира Министерството за образование и наука со цел надминување на насилството во училиштата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top