Министерството за здравство ќе набавува 80 современи амбулантни возила

Министeрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила.

 |  Татјана Маленкова  | 
minister Todorov
министер Тодоров

Министрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила.

„Отпочнавме со имплементација на проект за набавка на 80 амбулантни возила. Некои ќе бидат со погон на две тркала, некои на четири тркала, а едно ќе биде специјано за транспорт на  деца (педијатриско амбулантно возило ).Овие возила ќе бидат распределени во сите градови на Р Македонија каде што има итна медицинска помош, имајќи во предвид дека ситуацијата е лоша. Дваесетина години не се имаат набевена возила за интна помош, освен оние што сме ги добиле преку донациите“, истакна министерот за здравство, Никола Тодоров.

ambulantno voziloВо однос на кадровските промени министерот истакна дека не размислувал по ова прашање и додаде дека и доколку треба да се превземат вакви чекори, тогаш тоа би го направил врз основа на сериозни анализи. „Она што ние ќе го направиме, е да им поставиме индикатори за успешност на менаџерите и тие ќе бидат соствен дел на сите менаџерски договори. Тоа се индикатори за успешност кои ги имаат развиено земјите членки на ЕУ, а се препорачани и од светската здравствена организација. Овие договори само ќе ги прилагодиме на нашиот здравстве систем“, додава министерот Тодоров. На прашањето зошто посетата на Охрид, министрот не ја искористи и за посета на општата болница, со што лично би се уверил како се чуваат апаратите и колку од нив се применуваат, Тодоров со став:

bolnica oprema

„ Тоа што не отидов во болницата, незначи дека нема ни да одам. Јас имам цел тим кој работи и кој го следи овој проблем не само дали е инсталиран или не и дали и колкава е искористеноста и каква е искористеноста имајќи во предвид дека некоја од опремата се користи, а некоја не ја користат комплетно поради недоволна обука и знаење поради што направивме посебна програма за обука во здравството, која е поврзана со новата опрема која ја имаме“, истакна министерот Тодоров.

Останува отворено прашањето дали општата болница редовно ќе се гланца како што тоа беше направено во очекување дека министерот ќе ја посети, или пак од утре ќе се тера по старо, со надеж дека Тодров не гости нема да дојде ненајавен.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top