Министерот Коњаноски во Охрид

Во просторот на касарната ќе биде сместен универзитетскиот кампус. Во домот на АРМ, пак  приверемено ќе започне со работа Информатичкиот универзитет.

 |  Валентина Нелоска  | 
Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски

Во просторот на касарната ќе биде сместен универзитетскиот кампус. Во домот на АРМ, пак  приверемено ќе започне со работа Информатичкиот универзитет.

Многу скоро ќе почнат измените на ДУП –от за пренамена на касарната најави градоначалникот на средбата со министерот со одбрана.

Konjanoski PetreskiМинистерот за одбрана Зоран Коњаноски и охридскиот градоначалник Александар Петрески на днешната средба ги разменија идентичните ставови за намената на просторот со касарната, која опфаќа површина од над 20 хектари. Пренамената е локалната самоуправа и  граѓаните да имаат бенефит од овие објекти истакна министерот  за одбрана Коњаноски.

Министерот  за одбрана Зоран Коњаноски даде објаснување што ќе се случи и со објектот на Домот на АРМ.

Просторот е во близина на автобуската станица и во географскиот центар на градот и има одлични можности да започне наскоро со работа универзитетскиот  центар потврди и охридскиот градоначалник Петрески.

Доколку Факултетот за туризам прифати да биде дел од универзитетскиот кампус просторот каде што сега е сместен ФТУ е идеален за хотел потенцираше Петрески.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top