Министерот Јолевски и музичарот Четкар се полија со студена вода

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски заедно со неговиот пријател, познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар, денеска се приклучија кон акцијата за подигање на свеста за тешката и неизлечива болест Амиотрофична латерална склероза (АЛС). Јолевски и Четкар се полеаја со вода со мраз на Градското пристаниште во Охрид.

 |   | 
Cetkar Jolevski

 Се придружуваме кон светската акција за да ја зголемиме свеста за болеста АЛС, знаејќи дека на луѓе од целиот свет , вклучувајќи и од Македонија кои боледуваат од неа им е потребна помош. Сакаме да помогнеме на тие луѓе и на оние кои вршат истражувања за оваа болест. Јас ги предизвикувам четворица мои пријатели, двајца од моето детство, двајца од професионалната кариера. Оперскиот пејач Борис Трајанов, режисерот Милчо Манчевски, и двајца амбасадори, словенечкиот и норвешкиот во Б и Х. “ – изјави министерот Јолевски.

 Cetkar Jolevski

Ова малку изгледа комично но болеста е навистина сериозна и момемнтално за неа нема лек“– кажа музичарот Владимир Четкар. Тој ги предизвика, неговиот близок пријател и соработник, светски познатиот продуцент Ди-џеј Димитри, диско легендата од Америка, D.C. LaRue, неговиот пријател, министерот за странски инвестиции Бил Павловски и целиот персонал на Тераса Аквариус кои го позајмија мразот за денешниот „Ајс бакет“.

Министерот Јолевски кажа дека овај предизвик не е само поливање со кофа вода туку и реално сев донираат средства. Во Македонија сеуште нема жиро сметка за вакви донации, но министерот потенцира дека наскоро ќе се отвори и тој и Четкар ќе бидат првите донатори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top