Министерот за информатичко општество Иво Иваноски денеска го посети новоформираниот универзитет за информатички технологии.
Министерот за информатичко општество Иво Иваноски денеска го посети новоформираниот универзитет за информатички технологии.
„Целта на посетата е да се запознаеме со учениците, кадарот рече министерот.
Тој додаде дека до крајот на оваа година наставата треба да се префрли во новите простории чија реконструкција е во тек.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска во посета на новоформираниот Универзитет за информатички технологии во Охрид. Во просториите на ФТУ, каде се одржува наставата Ивановски се стретна со студентите и професорите на универзитетот.
„Целта на посетата е да се запознаеме со учениците, наставниот кадар, со цел да го следиме напредокот на процесот, доколку има потреба навреме да интервенираме, со цел Универзитетот да прерасне во елитна образовна институција што ќе произведува високообразован кадар со престижна дилома со голема тежина, не само во Македонија, туку и пошироко“, истакна министерот Ивановски. Министерот ги истакна и плановите на владата во врска со просториите во кои треба да се одржува наставата.
„ До крајот на оваа година наставата треба да се префрли во новите простории чија реконструкција е во тек. Изградба на супермодерен универзитетски кампус со најмодерна инфраструктура – со спортски сали, студентски домови, опремени училници за настава, треба да започне следната година, рече Иваноски.
„Кадарот на информатичари е дефицитарен во целиот свет не само кај нас. Поради тоа владата го формираше овој универзитет“, истакна министерот Иваноски.
Факултетот за информатички технологии засега ќе биде сместен во објектот на поранешниот Дом на АРМ во Охрид, чија реконструкција и пренамена е во тек. На новоформираниот Факултет е предвидено во прво време да студираат 125 студенти, со современа програма и голем број професори – експерти по информатика од странство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град