Минчо Јорданов го доби клучот на градот, со што стана почесен граѓанин на град Охрид.
Во рамките на манифестацијата „Прличеви Беседи“, во спомен куќата на Прличев се одржа промоција на мултимедијалниот проект на „МС Прософт“- Охрид. На пригодната свеченост, на Минчо Јорданов му беше врачена наградата ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОХРИД. Овој гест на Локалната, доаѓа како резултат на заложбите на Јорданов околу комплетната изградба на спомен куќата на Григор Прличев, која во 1994 год со сопствени средства ја подигна и ја подари на Охрид. Наградата беше доделена од страна на градоначалникот Александар Петрески.
Во рамките на дводневното чествување, на денешната Панихида во спомен куќата на Григор Прличев, во рамките на мултимедијалниот проект, беа промовирани монографијата „Охрид-културно и духовно богатство“, ДВД изданието „Магичниот Охрид“ и електронското издание на книгата „Манастир Св. Наум Охридски“. „Со ваквите промоции и со самото доделување на наградите се оди уште еден чекор напред во афирмацијата на градот“ – истакна Минчо Јорданов.
Спомен куќата на Прличев и манифестацијата „Прличеви Беседи„ се претвораат во уште една промоција на културата во градот.
„Прличевите Беседи“ завршуваат со свечената приредба на основното училиште „Григор Прличев“. Приредбата ќе се одржи вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град