Скенирани 16 куќи во градов градени во триесетите години од минатиот век
Објектите градени помеѓу двете светски војни, нова атракција за туристите. Завод и музеј заедно со факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје скенираа 16 куќи во градов за кои ќе се изготви документација, а потоа ќе се изработи елаборат за нивна валоризација. Со овој проект ќе се донесат поединечни решенија за секој објект и ќе се одлучи каква ќе биде нивната понатамошна намена.
Тања Паскали Бунташеска, директора на Завод и музеј вели дека сопственцте ќе имаат одредени поволости и ќе може да конкуаат за добивање
финансики средства за нивна конзервација и реставрација.
58 студенти, идни архитекти работат на овој проект. На овој начин можат реално да се соочат со сите специфичности во архитектурата од периодот помеѓу двете светски војни како што се функцилоналноста организацијата на просторот, стилската декорација, пластиката, фасадата, елементите на столаријата и тн. Кокан Грчев, професор на факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје вели дека ова искуство за студентите е од непроценлива вредност бидејќи во пракса можат да го видат она за кое учеле или ќе учат.
Ова е втор ваков проект кој се спроведува во Македонија. Првиот бил реализиран минатата година врз 10 објекти во Вевчани. Во план е наредните години вакви проекти да се спроведат и во Струга и Дебрца.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град