Сите домашни миленици ќе добијат микрочип за евиденција

На домашните миленичиња им се вградуваат микрочипови за евиденција.

 |  Маленкова Татјана  | 
domasni milenicinja
домашни миленичиња

Кучињата постари од 6 месеци ќе треба да имаат вградено поткожен микро чип кој ќе ја покажува здравствената состојба на миленикот. Ова го предвидува новата мерка која со закон ја пропишува Агенцијата за ветеринарство, најавена од Агенцијата за храна и ветеринарство.  На домашните миленици ќе им бидат имплементирани трајни чипови за евиденција, кои чинат 800 денари. Чиповите ќе содржат информации за вакцините кои ги примило животното и податоци за сопственикот.

„На овој начин ќе се оствари целокупната евиденција на бројната состојба на кучињата ќе се овозможи domasni milenicinjaутврдување на идентитетот во случај на губење, залутување, кражба  и идентификација на изложби, натпревари, гранична контрола, судски вештачења. Микрочипот или имплантатот е електронски елемент одобрено од европската унија со мали димензии кои се имплантираа под кожата најчесто од левата страна на вратот под увото. Аплицирањето трае неколку секунди и е безболно. Во него е запишан идентификациски број. Секој микро чип има единствен петнаесеттоцифрен број“, вели ветеринарот Тони Танкоски.

Оваа новина не треба да ги плаши сопствениците на домашни миленичиња, туку ќе овозможи да се воведе ред и да го намалат бројот на кучињата кои сопствениците ќе ги купат, а потоа ги оставаат на улица.
 
„Идентификациониот број се заведува во базата на податоци за миленикот и неговиот сопственик. Микрочипот е направен по ISO стандардот 11784. Еднаш внесениот микро чип останува трајно под кожата и не предизвикува реакција или отфрлање на истиот чип“, додава Танкоски.

Правилникот сеуште е во владина процедура. Неговата примена се очекува да започне на стартот на идната година. Оние кои нема да го почитуваат новиот правилник за домашни миленици ќе бидат санкционирани. Казната за неевидентирано животно е од 80 евра за физички до 1.000 евра за правни лица. Сопствениците ќе можат да ги евидентираат своите миленичиња од јуни до крајот на оваа година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top