Градоначалникот на Охрид Александар Петрески со изговор дека спортската сала не се издава за политички цели не дозволи презентацијата на програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески, да се одржи во Спортскиот центар „Билјанини извори“, реагира првиот човек на Охридскиот комитет Атанаско Михаилов.

„Со жалење мораме да констатираме за што добивме и службен допис дека спортската сала нема да ни биде одобрена за презентација на нашата програма. Сметаме дека тоа претставува недемократски чин со што на граѓаните на Охрид им се оневозможува да во што поголем број ја видат програмата која што наредните 4 години ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Др Никола Бакрачески ќе ја реализираат. Затоа прашуваме, од што се плаши Александар Петрески од сигурниот пораз кој ќе го доживее. Програмата граѓаните ќе ја видат секако и ќе ја реализираат градоначалникот и советничкото мнозинство на ВМРО – ДПМНЕ. После 8 години лошо и хаотично владеење ќе имаме ред и поредок во Охрид“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град