Државата конечно одобри средства за заборавените метереолошки станици во државата меѓу кои е и Охридската. Раководителот на метереолошката станица, Трајче Здравев вели за оваа намена се одобрени 1.200.000 денари, а за реновирањето досега се префрлени 600.000 денари.
Со поправката на зградата се подобруваат условите за работа кажува раководителот на метереолошката станица Здравев. Се најдоа пари за реконструкција на фасадата, кровот, вратите и прозорците. Обновата на мерни инструменти, сепак ќе почека поубави времиња. Ќе се чека периодот по нова година и ребалансот на буџетот.
„Станува збор за мошне скапи инструменти , како на пример автоматската станица или аерометарот кој чинат по 10.000 евра“ вели Здравев.
Во зградата на метереолошката станица се сместени и простории за летување на вработените на Управата. Подобрени се условите за престој на вработените кои ќе престојуваат преку синдикатот вели Здравев. За таа цел е уредено дворното место, а е изграден и видиковец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град