Месноста Мауцкер доби нови дрвца од акцијата Ден на дрвото

Оваа година под мотото „Спортски е да се сади“, месноста викана „Мауцкер“ доби нови зелени садници.

 |  Мишел Наумоски  | 
sadenje drvca
садење дрвца

И во Охрид се засадија дрвца. Десетти пат по ред, подмладок беше посаден во месноста викана „Мауцкер“ на излезот од Охрид. Во акцијата подадоа рака волонтери, граѓани но и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои потекнуваат од охридско.

den na drvoto„Основната поента е да ја разелениме Македонија и да дадеме можност на нови дрвца да растат во иднина. Оваа акција е од исклучително значење затоа што вака ние ставаме до знаење дека сепак иднината ни е важна и слоганот на денешниов ден е „Спортски е да се сади“, така да во тој дух денеска ние сме тука да ја засадиме својата иднина.“-вели Сашо Стефаноски-Генерален секретар во Министерството за локална самоуправа.

Свој придонес во акцијата даде и Анита Кипаризовска Крстева, заменик-претседател на второстепената комисија за работни спорови и децентрализација.

„Ова го правиме континуирано секоја година и сметам дека е самата по себе значајна не само за денешницата, туку и за иднината и идните поколенија. И заради тоа, сметам дека е добро да продолжи затоа што пред се е хумана акција која што останува и за сега, меѓутоа уште позначајно што е за во иднина, нешто што остава трага за во иднината.“-рече Анита Кипаризовска-Крстева, заменик-претседател на второстепената владина комисија за работни спорови и денационализација.

Пратеникот од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокароски задоволен и од денешната акција, но и од претходните.

Maucker„Тоа е еден голем поттик за и понатаму да се продолжи со ваквата племенита иницијатива за разубавување на животната средина и давање простор на иднината, давање простор на младите, да имаат поубава животна средина.“-изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Харалампие Шокароски.

Акцијата „Ден на дрвото-задади ја својата иднина“ подршка доби и од младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со волонтерски екипи оваа акција ја продолжуваме низ целата територија на Република Македонија, по десетти пат, и во иднина ќе продолжиме да учествуваме во оваа акција, се со цел подобрување и зачувување на животната средина.“-вели Сашо Донев од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

А еве што и колку беше засадено на „Мауцкер“.

„Денеска беа засадени 4000 садници на површина од два хектари и тоа аризонски чемпрес, американски јасен и јудино дрво.“-рече Зоран Жилески, од ЈП „Македонски шуми“.

Инаку на ниво на Македонија, во оваа ноемвриска акција предвидено е да бидат засадени 3.200.000 садници на површина од 803 хектари. Од предвиденото, 574 хектари ќе бидат нови површини, 131 хектар се површини кои ќе се корегираат, а 98 хектари се опожарена површина. Успешноста на овие акции од претходните години, од Македонски шуми велат дека се движи околу 60 проценти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top