Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка денес заседаваше во Охрид. Беа разгледани можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво. Најмногу можности за инвестирање има во енергетиката и земјоделството.
Денес во Охрид се одржа 9-тата сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво.
Ние од наша страна ги запознавме со нашите планови дека планираме да инвестираме во зејоделството кај нас, пред се ги промовиравме откупно-дистрибутивните центри, ги запознавме со можностите како може да се инвестира во фирми, посебно во земјоделството, во овоштарството и во раноградинарските производи, речи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски .
Како што беше речено вчера на деловниот форум во Скопје, организиран во рамки на сесијата, потенцијалите за соработка речиси воопшто не се искористени. Податоците за размената покажуваат извесно зголемување, но далеку под можностите.
Ние можеме да соработуваме во различни области како што е патната инфраструктура, транспортот,новите технологии. Ние имаме многу интересни предлози кои можеме да ги понудиме и на кои што можеме да работиме со нашите партнери, рече Алексеј Груздев заменик-министер за индустриски и трговски развој на Руската федерација.
Македонскиот извоз на рускиот пазар е незначителен, посочи вчера премиерот Зоран Заев и апелираше до руските стопанственици да инвестираат во земјава. Енергетиката, гасификацијата, транспортот, земјоделството и туризмот остануваат клучни сектори за интензивирање на партнерството, но соработката ќе се проширува и во други сфери. Но, денес во Охрид Груздев кажа дека состојбата не е толку поразителна, а дека во иднина се поголем број руски фирми ќе се пријавуваат на тендерите кои ќе се распишуваат во нашата држава, посебно во областа на енергетиката.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град