Се мерат рејтинзите во СДСМ

Градоначалникот Петрески  во благо водство пред претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски – Чакар.  Дали ова е показател дека паѓа рејтингот на актуелниот градоначалник, кој од поодамна обелодени дека  ќе ја трча трката за градоначалник по трет пат, или расте рејтингот на претседателот на ОО на СДСМ.

 |  Николоска Биљана  | 
sdsm
сдсм

sdsm prostoriiДеновиве актуелен рејтингот на можните кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ. Според најновите резултати од една од многуте спроведени анкети  рејтингот на актуелниот градоначалник Александар Петрески е само за 3% поголем од рејтингот на претседателот на ОО на СДСМ Наум Јованоски – Чакар, дознава ТВМ. Претседателот на охридските социјалдемократи Наум Јованоски – Чакар, вели дека на локално ниво ниту ги водат ниту пак имаат информации за анкетите кои ги спроведува централата или пак некој друг. Сепак, тој не крие дека  градоначалничката фотеља за него е предизвик на кој се чуствува подготвен да одговори доколку ја добие поддршката од сопартијците.

„Кога станува збор за самата анкета секогаш сум верувал дека ако стојам добро кај челенството ако сум се посветил во овие три години на членството и симпатизерите и нормално е да котирам добр на анкетите кој што ги прави централното раководство и како човек политичар она што најмалку може да побара Наум Јованоски Чакар како претседател на ОО со гордост би прифатил доколку смета членството дека треба да бидам и кандидат за градоначалник, би можел да ја обавувам градоначалничката функција“-изјави Јованоски.

Инаку деновиве ОО на СДСМ  е актуелна во јавноста по  расправиите помеѓу членството и внатрепартиски револт поради третета кандидатура на актуелниот градоначалник. Дали ова се должи на малата разлика во рејтинзите бидејќи ако се земе во предвид статистичката грешка од 3% која е својствена при спроведување на вакви анкети, излегува деака Петрески и Јованоски имаат ист рејтинг. Јованоски со коментар дека  не верува во таквите , како што вели тој, инсинуации и шпекулации,  и тврди дека во ОО немало никакви расправии околу тоа.

cakar„Значи ево ние тргнавме во една нормална процедура која што започна на 11.07. во средата преку извршниот одбор преку обавестивање на претседателите и координаторите и во една демократска процедура ќе заврши оваа постапка која е наметната од страна на централното раководство која што е на општо барање и  задоволство и на членството и симпатизерите многу порано да излезиме со наша кандидатура, значи одговорно ги отфрлам сите шпекулации бидејќи стварно ниту имало конфлекти а тоа ќе го покажеме на терен“.

Исто така во јавноста се провлече информација дека заради дуплирање на партиските одговорности, секретарот на охридските социјалдемократи Ѓоко Танасоски, поднел оставка. Јованоски дециден, дека таквите сценарија произлегуваат од луѓе, кои што не можат низ демократска процедура да се произнесат во партиските органи.

„Иначе како претседател немам намера да бидам портпарол на секретарот она што званично го кажувам е дека ниту имало оставка ниту имало расправија ниту имало било каков конфлект со секретарот ниту со извршниот одбор“.

Во средата 11.07 извршниот одбор донесе одлука за отпочнување на постапка за утврдување на кандидат за градоначалник на општина Охрид, за престојните локални избори во март 2013. Постапката ќе трае до 27 јули, а на 29 ќе биде промовиран кандидатот за градоначалник. Останува да видиме, Петрески , Јованоски…. или некој трет?

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top