Се мери енергетската ефикасност во четири општини од Југозападниот плански регион

Започнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
merenje
мерење

merenjeЗапочнаа активностите за мерење на енергетската ефикасност на четири објекти во исто толку општини што му припаѓаат на Југозападниот плански регион за кои скопската фирма „Делта проект“ ќе изготви техничка документација која ќе послужи како основа за барање дополнителни средства за решавање на проблемите со губитоците на енергијата.

Станува збор за три училишни објекти во населените места Горно Лакочереј, Требеништа и Центар Жупа и зградата во кој е сместена Општина Македонски Брод. По целосното скенирање на споменатите објекти ќе бидат предложени соодветни мерки што ќе треба да се преземат со цел да се намали потрошувачката на електричната енергија и на другите ресурси, и да се постигне поголема ефикасност во греењето или ладењето. Оваа активност е дел од проектот Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион кој го спроведува Здружението МАЦЕФ од Скопје, а во кој Центарот за развој на Југозападниот плански регион се јавува како партнер и на чија територија се реализираат сите активности од проектот.

merenjeВо изминатиот период деветте општини од Регионот дадоа свои предлози, а од кои врз основа на утврдени критериуми, стручна комисија, ги селектира споменатите објекти за кои техничката документација ќе биде завршена до половината на месец ноември. Инаку, согласно законските обврски Општините имаат должност за сите објекти што се во нивна сопственост да направат таков тип на документација, но за жал во практика тоа не функционира. Од друга страна пак постои желба да се намали потрошувачката на енергенсите без притоа да се сфати дека за тоа е неминовно да се изработи соодветна техничка документација.

Во рамките на споменатиот проект кој е финансиран од страна на Европската Унија од програмата за меѓугранична соработка на Македонија и Албанија беа реализирани поголем број активности, а најзначајна е Студијата за ЕЕ и ОИЕ која општините може да ја употребат како основа за обезбедување функционални енергетско-ефикасни објекти.

Центарот за развој на Југозападниот плански регион заедно со МАЦЕФ изграденото партерство ќе го употребат за добивање средства од ЕУ со цел продолжување на активностите во доменот на енергетската ефикасност на локално ниво.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top