Менезес придружуван од најперспективните пијанисти Олга Задо ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк.
Вечерва на програмата на Охридско лето во црквата Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк.
Менезес прв пат гостува во Охрид. Тој по првата проба воодушевен од просторот каде ќе настапи, но и од гостопримливоста на Охриѓани.
„Црквата е прекрасно и во неа се чуствуваме прекрасно. Звукот е фантастичен. Убаво се чувствувавме додека свиревме во црквата, многу сме среќни за тоа. Откако ја добив поканата почнав да гледам и да вршам истражувања за самиот фестивал во Охрид, откако дојдов видов дека е многу убаво, ја видов и историјата на фестивалот и еве тука сум“, вели виолинчелистот, Антонио Менезес.
Менезес на сите оние кои ќе го следат концертот вечерва им нуди романтична програма на сонати од Јоханес Брамс, Шуман и Франк.
И Олга Задо прв пае е во Охрид, што значи прв пат ќе свири во Св Софија. Таа е воодушевена од акустиката на црквата.
„Се чувствуваме многу пријатно. Многу е убаво. Во црквата внатре имам многу убав интересен пријатен инструмент и многу сум благодарна за тоа. Притсигнав вчера. Би сакала да видам многу работи од Охрид, да го видам езерото и да пробам риба и едвај чекам да го разгледам градот“, вели пијанистката Олга Задо.
Антонио Менезес е роден во Бразил, во семејство на музичари. Студиите по виолончело ги започнува на 10 годишна возраст. Првата награда ја освои на ARD International Competition во Минхен во 1977 година, а ги освои првата награда и златниот медал на натпреварот „Чајковски“ во Москва во 1982 година. Од тогаш тој има славна меѓунардна кариера.
Олга Задо пак е победник на меѓународните натпревари „Владимир Хоровиц“ и „Сергеј Прокофјев“, таа исто така ја освои и специјалната награда „Тереза-Дусот“ на меѓународниот натпревар Владимир Крајнев“.
Олга Задо веќе настапува со оркестри, во соло рецитали, како и со меѓународно признати уметници, како што е виолончелистот Антонио Менезес, во големи концертни сали и места низ Европа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град