Меморандум за соработка потпишаа ИПА Охрид и ПСС при Црвен крст Охрид

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид и Планинска спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

 |   | 

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид и Планинска спасителна служба при Црвениот Крст Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот што беше потпишан во Оперативниот и тренинг центар на Планинарската спасителна служба, подразбира унапредување на меѓусебните односи, организација, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и едукативни работилници и други настани од областа на безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и изведување практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни.

Меморандумот за соработка го потпиша претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски, генералниот секретар на ИПА Охрид Игор Смилевски, секретарот на Општинската организација на Црвениот крст Мимоза Ставрева и раководителот на Планинарската спасителна служба Антонио Додевски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top