Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани потпишаа меморандум за соработка. На овој начин талентираните студенти добиваат дополнителна можност за доедукација.
Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Целта на овој меморандум е да се искористи потенцијалот на најуспешните студенти преку низа одржани обуки и натпревари. Дел од нив ќе бидат организирани во странски земји.
Оваа соработка со студентскиот парламент на универзитетот Св. Апостол Павле е само почеток на неколку настани што во блиска иднина ги имаме договорено како и останата настани кои ќе ги одржуваме во иднина за бенефитот на овој универзитет, вели Д-р Виктор Ѓорѓиески, претседател на НАПАГ.
Задоволство од потпишувањето на меморандумот искажа и претседателот на студентскиот парламент при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”.
Мислам дека неопходно е со развојот и растот на универзитетот, да се зголемуват можностите на надарените студенти, потпишувањето на овој меморандум е убава шанса за нив, рече Харун Бајрам, претседателот на студентскиот парламент при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”
Националната асоцијација на престижни академски граѓани која е формирана оваа година досега има потпишано меморандуми за соработка со пет универзитети, а денес потпиша со шестиот. Во асоцијацијата може да членуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус студии со просек повисок од 8.5 и најмалку комплетирана прва година од додипломските студи.Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани потпишаа меморандум за соработка. На овој начин талентираните студенти добиваат дополнителна можност за доедукација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град