Уште една груба меѓусоседска расправија. Спорната пешачка патека на ул. Бистрица ги вжешти односите помеѓу Мемети Пајазит и соседот И.А.
Уште една груба меѓусоседска расправија. Спорната пешачка патека на ул. Бистрица ги вжешти односите помеѓу Мемети Пајазит и соседот ИА.
Меѓусоседска нетрпеливост резултираше со физичка пресметка. Во петокот, во поладневните часови, соседи на ул. Бистрица поради долгогодишни нерасчистени имотно – правни односи, кавгата ја завршија со интервенција на полиција. Имено станува збор за Мемети Пајазит, со адреса на живеење на ул. Бистрица бр. 96, кој го обвинува својот сосед Истрефи Астрид за физички напад. „Неколку години наназад, откако соседот се досели овде постојано имаме проблеми и расправии“, ја започнува својата приказна Пајазит. „Во изминативе два месеци можам да речам дека нашите расправии кулминираат секојдневно. Се надевав дека сепак ќе најдеме некаков заеднички договор и ќе ги надминеме проблемите“, вели тој. „Се излажав. Пред два дена соседот од засега за мене непознати причини застана со своето возило на патеката на која знае дека не смее да минува бид. е пешачка патека, ја искрши најпрвин дрвената препрека со која фрлаше на кон нашиот дом, а потоа и се нафрли на мојата ограда и целата ја уништи“, вели нашиот соговорник.
„Мојата приказна можеби и не би имала толкава тежина, доколку се занемари фактот дека мојот сосед е вработен во СВР Охрид“, продолжува Мемети. „Навистина не ми е јасно како лице вработено во полиција, кое ги знае, или би требало да ги знае правилата на однесување, може да си дозволи такво нечовечно однесување. Да биде целава ситуација уште полоша, кога јас го пријавив случајот во полиција, кога тие пристигнаа овде и видоа за кого станува збор, воопшто не ја завршија својата законска обврска“, обвинува соговорникот.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за случајот вели: „-На 4 ти овој месец примена е дојава за поплака од страна на лицето МП за нанесување на штета на имот во негова приватна сопственост, од страна на соседот ИА. Наредниот ден против пријавителот е поднесена пријава за спречување на слободно движење по пат кој не е во негова сопственост. СВР Охрид ги повика и двете страни на разговор и ги предупреди за последиците од понатамошно вакво нивно однесување. Исто така им препорача проблемите понатаму да ги решаваат на суд“, вели Димоски.
Мемети Пајазит кој и понатаму се чувствува оштетен во случајот, вели дека правдата ќе ја бара кај градоначалникот Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град