Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Италија, Словенија и од Босна и Херцеговина три дена ќе бидат дел од големата меѓународна конференција посветена на црквата „Света Софија“ во Охрид.

Настанот започнува денеска 11-ти и ќе трае до 13-ти октомври 2019 година во Охрид и Струга. Меѓународната конференција е насловена „Света Софија – Премудроста која си изгради дом“ и е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Еден дел од конференцијата е посветен на храмот на охридските архиепископи именуван по Мудроста – црквата „Света Софија“ во Охрид, нејзината историја, архитектура, фрескоживопис и уметност, додека другиот дел е восредоточен на мудроста во Библијата, теологијата, философијата и во традицијата на Црквата.
Конференцијата ќе биде отворена денеска во 17:00 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид, а на неа ќе се обратат Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град