Медиумска писменост, како редовен предмет

Станува збор за воведување на медиумската писменост како редовен предмет во основните и средните училишта.

 |   | 
Aleksandra Temenugova
Александра Темнугова

Станува збор за воведување на медиумската писменост како редовен предмет во основните и средните училишта.

ТвМЦелта на проектот е идните средношколци и студенти да ги унапредат знаењата за улогата и функцијата на медиумите, да можат критички да пристапат кон медиумите како и да умеат да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини, вели Александра Теменугова, рак. на проектот.

„Проектот е поддржан од „Министерството за образование и наука“ отаму се надеваат дека истиот ќе вроди со позитивен резултат“, вели Теменугова.

„Истиот предвидува одржување на 55 обуки на кои ќе бидат обучени 1100 наставници и професори од основните и средните училишта во Македонија, кои понатаму ќе предаваат медиумска писменост“, појаснува таа.

Еден од најдобрите студенти на Институтот за медиуми, Валентин Петрески, се осврнува на предностите кои се стекнуваат со изучување на предметот Медиумска писменост. Тој посочува дека во период кога новинарството како професија, се издигнува на високо ниво, знаењата во таа насока, на идните студенти, ќе им бидат од голема корист.

„Проектот започнува во октомври,а неговата импленетација ќе трае во наредните три години. Крајна цел ни е предметот Медиумска писменост , официјално да се изучува во основните и средните училишта како редовен предмет“, заклучува Теменугова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top