Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро реагира против сензационалистичкото и стигматизирачко пренесување на информациите поврзани со последните податоци за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија објавени во дел од медиумски простор. Сензационалистичкиот пристап во пренесувањето на информациите беше евидентен во фактот што голем дел од медиумите ширењето на ХИВ вирусот и СИДА го доведоа во непосредна врска со хомосексуалноста, односно лицата со поинаква сексуална ориентација и идентитет вели Славчо Димитров од Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници.
„Има потреба сензационалистичките принципи да ги заменат со човековиет права, еднаквост и правност, истакнува Димитров“.
Потребно е сензибилизирање на медиумите за оваа проблематика сметаат преставниците на Невладините организација Хобс кој се дел од Колаицијата. Но, тие се задоволни како информираат на оваа проблематика локалните медиуми во охридско-струшкиот реон.
Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници на 1- ви декември 2010, светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, упати апел за почитување на човековите права и намалување на стигмата и дискриминацијата кон лицата кои живеат со ХИВ и групите кои се изложени на најголем ризик од ХИВ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град