Медиумите и стечајните управители учеа за транспарентност во стечајните постапки

На работилницата со наслов: „Улогата на стечајниот управник во спроведувањето на инсолвентната постапка“ тие ги усогласуваа ставовите околу транспарентноста на стечајните постапки.

 |  Мишел Наумовски  | 
rabotilnica
работилница

На работилницата со наслов: „Улогата на стечајниот управник во спроведувањето на инсолвентната постапка“ тие ги усогласуваа ставовите околу транспарентноста на стечајните постапки. Оваа работилница е дел од проектот за правна и правосудна имплементација и институционална подршка финансирани од Светската банка.

Улогата на стечајниот управник во стечајната постапка често знае да биде една од најнеблагородните. Стечајните управители се обвинувани за нетранспарентно работење и забавување на стечајните постапки. Оваа работилница не е прва од ваков вид. Вакви работилници во изминатиот период се организирале повеќе пати со финансиска подршка од проектот на Светска банка и комората на стечајни управници како и Министерството за економија.

Раководителот на одделението за стечај при Министерството за економија-Томе Велковски вели дека е крајно време да и се покаже на јавноста дека стечајните управници не се причина за застојот во голем дел од стечајните постапки. На работилницата беа презентирани и најновите измени во Законот за стечај.

„Главна новина во стечајните постапки се измените и дополнувањата на Законот за стечај кои стапија на сила од 16ти овој месец од кои што најважно и најзначајно за стечајните постапки во Македонија е електронското водење на стечајната постапка или популарно наречениот е-стечај. Досега имаше забелешки дека стечајните постапки се водат нетранспарентно и дека доверителите и јавноста малку знаат.“-рече Томе Велковски, раководителот на одделението за стечај во Министерството за економија.

rabotilnicaНајголемиот дел од поплаките стигнуваат токму од оние кои се најзасегнати. Доверителите со недоверба говорат за стечајните управители и за самите стечајни постапки. Токму поради тоа со овој проект ќе бидат опфатени и самите доверители.

„Морам да кажам дека од досегашното искуство дека претставниците од тие доверители многу позитивно реагираат на ваквите организирани работилници затоа што истите тие работилници се користат за размена на искуства прво, а второ за стручни дискусии за одредени проблеми и практични проблеми со кои се соочуваат во примената на законот за стечај.“-вели претседателот на комората на стечајни управници, Ацо Петров

Иако оваа работилница беше задолжителна за сите лиценцирани стечајни управници, сепак добар дел од нив не беа присутни. Оние што беа, ја потенцираа потребата од вакви работилници и напоменаа дека заедно со последните измени во Законот за стечај тие ќе придонесат и за поголема транспарентност, и за подобро информирање од страна на медиумите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top