Медиуми и религија

Охрид домаќин на конференцијата за религиозна димензија на меѓукултурниот дијалог.

 |  Биљана Николовска  | 
sobir
собир

sobirМедиумите да бидат одговорни кога известуваат за религиски теми. Ова е главната порака од Конференцијата за религиозна димензија на меѓукултурниот дијалог, што овие два дена се оддржа во Охрид. Всушност оваа дебата е продолжена рака на втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог. Истата се смета дека е од големо значање, бидејќи акцентот бил на медиумите како главна нитка меѓу верските заедници, државата и публиката. Директорот на Комисијата за религиски прашања Валентина Божиноска рече дека од оваа конференција произлегле значајни заклучоци пред се констатацијата дека медиумите мора за брзо време да се обучат за тоа какви се верските заедници, каква е нивната внатрешна хиерархија и обратно.
Претседателот на групата за обука на новинарите Стефан Витле порача дека мора да се стави крај на говорот на омразата во медиумите.
Амбасадорот од Норвешка во Советот на Европа Петар Виле, рече дека сите земји заеднички треба да се борат за заштита на верските права и слободи и за надминување на религиските конфликти, и дека дебатите на конференцијата биле од политички аспект засновани на фундаменталните вредности на Советот на Европа.
Конференцијата во Охрид ја отвори Министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Антонио Милошоски, во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа.
Целта на одржувањето на Размената за меѓукултурен дијалог на Советот на Европа е да ги промовира и зацврсти фундаменталните вредности на Организацијата-почитувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото преку организирање на широк пан-европски дијалог меѓу различните европски култури и религии во насока на подобро меѓусебно разбирање, почитување и толеранција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top