Амбициозен деловен човек, голем вљубeник и почитувач на природата, сака Охрид да го направи среќно место за живеење, тоа е Кирил Трендафилов.
Амбициозен деловен човек, голем вљубeник и почитувач на природата, сака Охрид да го направи среќно место за живеење, тоа е Кирил Трендафилов-Нанче.
Дипломиран електро инжинер – информатичар, магистер по деловна администарција, оженет, татко на матурантот Петар, е краткиот профил на охриѓанецот, 47 -годишниот кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне , Кирил Трендафилов Нанче. Нанче својот професионален ангажман го започнал пред 21 година, како инжинер по информатика во некогашна Застава АГП. Амбициозниот дух од 1991 го води кон формирање сопствена приватна фирма за компјутерско програмирање на мали и средни претпријатија.
По 8 години успешна работа со околу 300 клиенти од Југозападна Македонија, Нанче добива понуда од Македонски Телекомуникации и од 1998 до 2007 година работи за нив. Искуството и од овој професионален ангажман е драгоцено, вели Нанче. По Телеком, Нанче кариерата ја продолжува во „Сивус“, македонско-шведска фирма за изработка на софтверски програми. Сепак, повторно решава да се врати на сопствен бизнис. Покрај приватната бизнис визија, тој има визија и за Охрид. Сака Охрид да биде без инфраструктирни проблеми, што за нас е приоритет, а нормално нешто за западните земји, да ја привлече бизнис заедницата, граѓаните да се задоволни од ефикасна општинска администрација. Укажува и на еколошката компонента, и за изработката на проекти со кои ќе се аплицира за добивање пари од предпристапните европски фондови, но и за многу други обалсти. Амбициозно, Нанче вели:„Сакам како иден градоначалник, градот да се гради и развива, но не само во централното подрачје, туку да се урбанизираат и останатите населби“. Тој сака градот да го направи среќно место за живеење со подршката за градоначалничката кандидатура од ВМРО ДПМНЕ.
Кирил Трендафилов Нанче, е голем вљубеник во природата, а екологијата му е пасија. „Воспитан сум да ја почитувам природата. Сум прошетал на сите континенти, но место како Охрид не сум сретнал“ додава тој. Имал можност со крос-мотор да ја запознае скоро цела Македонија. Сака да чита посебно теми од историјата и археологијата. Во моментов го чита англискиот роман „Светот е рамен“ од Томас Фридман. Нанче го препорачува како интересно четиво од областа на економијата, напишано пред 2 години на тема каде се движи светот со претскажувачки дух.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град