Просторот Мазија остана без Холандскиот парк

На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка.

 |  Валентина Неловска  | 
Spomenik Dolard
Споменик Долард

Засега нема трага од најавата дека Охрид ќе  добие Холандскиот парк со функционална целина која ќе го симболизира традиционалното македонско –холандско пријателство.  На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка. Градоначалникот Петрески признава дека паркот не е целосно завршен. 90 посто од работите за кои била надлежна Локалната самоуправа се завршени, сега се чека на холандската донација. Градоначалникот, сега оптимистички најавува дека со холанандските пријатели  ќе ги продолжат работите штом пукне пролета.

Holandski parkПоголемиот дел од средствата наменети за уредување на паркот се донација на Холандската амбасада во земјава, а дел од Локалната самоуправа. Првично реализацијата на паркот беше најавувана дека ќе се одвива во три фази. Во април, проект-координаторот од локалната самоуправа, Антонио Балески најави дека се предвидува хортикултурно уредената површина да има повеќе содржини. Проектот не значи  само класичен парк туку модерна урбана целина со повеќе целини каде ќе се одржуваат културни настани. Дел од него ќе ја карактеризира холандската култура.

Според Локалната самоуправа и овој парк, покрај спомен обележјето на холандскиот писател, Аден Долаард,  требаше да го зацврсти традиционалното македонско –холандското пријателство, но требаше да биде и еден обид за враќање на холанѓаните на охридското крајбрежје.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top