Ќе се оди на матурско патување во Италија

Сепак ќе се оди на матурско патување во Италија. Учениците од четврта година од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во дадениот рок ги уплатија средствата во агенцијата „Атлантис“ и во сабота заминуваат на шестдневно патување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ekskurzija

Ќе се реализира матурската екскурзија со учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“. Сите 188 gimnazijaматуранти кои се пријавиле за патувањето во Италија заминуваат на 16- ти мај. Директорот Ѕвонко Трпески изјави дека само 12 матуранти остануваат во градов, но објаснува дека тоа не е поради финансиски причини туку дека тие уште на почетокот кога се организираше оваа екскурзија се изјасниле дека не сакаат да патуваат. Во деновите кога се реализира екскурзијата овие ученици ќе посетуваат редовна настава. Екскурзијата ќе трае шест дена, а матурантите ќе ги посетат градовите Рим, Пиза, Фиренца Венеција. На екскурзијата покрај учениците ќе одат и девет професори-осум класни раководители, директорот на училиштето и доктор.
Екскурзијата е организирана преку струмичката агенција „ Атлантис“ која беше  најповолен понудувач на објавениот оглас за прибрање на понуди. Ова е прв пат учениците од четврта година да се одлучат за ваков начин на прославување на својата матура. Останува да видиме дали ќе се покаже како позитивно искуство кое ќе се практикува и кај идните генерации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top