Матурантите поштедени

И охридските матуранти задоволни од одлуката оваа година да не полагаат екстерни тестови.

 |  Тања Кувенџиска  | 
srednoskolка
средношколка

Велат дека тие не се против ваквиот начин на проверка на знаењето. Единствено им смета што не биле навремено известени за тестирањето.

Охридските матуранти велат дека се задоволни од вчерашната постигната согласност за да не полагаат екстерни тестови. Потенцираат дека не се против ваквиот начин на проверување на знаењето. Им смета единствено тоа што не биле навремено известени.

GimnazijaВчеравечер, средношколците и Министерот за образование, постигнаа согласност- матурантите да не полагаат екстерни тестови. Тоа се однесува само за годинава, додека пак од наредната година и тие ќе бидат опфатени со ваквиот начин на оценување, објаснуваат од Министерството за образование. При тоа, ги отфрлаат тврдењата дека постои расчекор помеѓу критериумите кои им биле дадени за оценување на наставниците и тестовите со кои ќе биде проверено нивното знаење.
Инаку, екстерните тестови министерството за образование ги воведе за да ја оцени работата на наставниците. Според неговите претставници, преку нив ќе се добиела вистинска слика за знаењето на учениците, а уште повеќе за тоа дали наставниците се објективни при оценувањето. За дел од професорите и јавноста пак, екстерното оценување е преурането и спротивно на Уставот.

Уставниот суд веќе покрена постапка за оценка на уставноста на екстерните тестови. Конечниот одговор се очекува да биде донесен кон крајот на овој месец. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top