Со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, матурантите го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне тие истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака успех во нивниот понатамошен живот.
Уште една генерација матуранти од средните училишта во Охрид со изведба на познатиот штраусов танц Квадрил, го одбележаа крајот на средното образование. Точно на пладне, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. Градоначалникот Јован Стојаноски кој со задоволство го проследи овој настан на матурантите им го честита завршувањето на средното образование и им посака секој да си го трасира сопствениот пат и успешно да го изоди.
Бидете цврсти во Вашите одлуки да напредувате во животот, само на оној начин кој нема да ги наруши човечките етички вредности. Младоста е само една етапа во животот. Младиот човек треба да биде мотивиран, жеден за знаење и подготвен да ја достигне својата цел. Младоста, велат, дава крилја со кои побрзо се долетува до целта, а тој пат е интересен и возбудлив. На тој пат, чекор по чекор, младиот човек стекнува искуства кои му го олеснуваат животното патешествие, рече Стојаноски.
Градоначалникот упати посебна благодарност до професорката Соња Думбалоска-Делова, која веќе десет години ги подготвува матурските паради. Со огромен ентузијазам и вложен труд.
Благодарност до професорката Думбалоска-Делова искажаа и матурантите. Во име на генерацијата се обрати ученичката Емилија Прентоска.
Секој крај има и почеток. Но, секој крај треба да биде одбележан. За среќа во градов постои една таква личност која со задоволство ни покажа како достојно се одбележува еден крај. Овој крај е посебен јубилеен, 10 години ги посветивте со труд и љубов и внимание на она поради кое сме овде-матурската парада, рече Прентоска.
Професорката Думбалоска несебично се вложи во целокупната организација и изведба на квадрилот на матурантите им посака остварување на желбите и успешно преминување на животните препреки.
Инаку парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид. Денес на пладне во Македонија танцуваа над 1.000 матуранти од повеќе средни училишта од Охрид, Скопје, Струга, Струмица и од Гевгелија.
Учесниците на парадата и годинава пред одигрувањето на танцот положија заклетва за ненасилство заедно со своите врсници од сите држави учесници во овој настан.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град