Mатеријалот за утрешните избори во целост подигнат

Изборниот  матријал за утрешните избори во целост подигнат уште од раните утрински часови, вели претседателката на ОИК, Марика Ангелеска.

 |  Татјана Маленкова  | 
materijal
материјал

Изборниот  матријал за утрешните избори во целост подигнат уште од раните утрински часови, вели претседателката на ОИК, Марика Ангелеска.

Денес според законот гласаа болните и изнемоштени лица, затворениците и внатрешно раселените лица.
Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 53 893 граѓани. Во општина Дебрца  5 533 гласачи ќе го остварат своето избирачко право во вкупно 28 избирачки места.

На државно ниво, во избирачкиот список се запишани 1 792 082 граѓани кои ќе гласаат на  2 976 избирачки места. Избирачкиот список беше ставен на јавен увид 15 дена, од 20 јануари до 3 февруари кога увид извршиле  195 323 граѓани, што е пет пати повеќе  од 2008 година кога тоа го направиле 39 165 гласачи.Први денеска гласаа болните и изнемоштени лица, затворениците и внатрешно раселените лица.

izboriМинистерството за внатрешни работи  изготви оперативна акција „Избори 2009“, која е презентирана пред меѓународните претставници, а во насока на одржување мирни, фер и демократски избори утре, што е од големо значење за иднината на Република Македонија. Од МВР најавија дека ќе се преземат сите мерки во рамките на законот и во ингеренции на полицијата граѓаните да можат мирно и без притисоци да гласаат согласно сопственото убедување.

МВР нема да го толерира никого што ќе се обиде да го узурпира ова граѓанско право, без разлика дали се работи за припадник или симпатизер на некоја политичка партија или обичен криминалец. Најавуваат дека нема да се толерираат ниту полициските или други службени лица кои  евентуално би постапувале спротивно на наредбите и овластувањата од раководството на МВР, велат од министерството за внатрешни работи.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top