Просторот предвиден за слободно движење на пешаците, на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун, зафатен од маси и столици. Твм пред извесно време на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем, но сеуште сликата е непроменета. Од Локалната и понатаму тврдат дека опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана опрема. Од СВР пак, сеуште молк по ова прашање.
Maси и столици на тротоарите, а пешаците на коловозот. Сеуште ваква е сликата на улицата “Коста Абраш“, пред рестораните „Александрија“ и „Чун“. На Овој потег од улицата според одлука на Совет во текот на летниот период од 05 до 20 часот е сообраќајница. На ова место има и огромна фрекфенција на пешаци кои се приморани да се движат по коловозот затоа што тротоарите се пренаменети во тераси на угостителските објекти. Твм пред извесно време на барање на граѓаните пишуваше за овој проблем. Тогаш од Локалната се изјаснија дека опремата е поставена согласно програмата што се носи за поставување урбана опрема, а која претходно била одобрена од стручна комисија од секторот за урбанизам, а изгласана од Советот на општината. Овој потег според портпаролот на Локалната Томе Џамтоски бил замислен како медитеранско катче. Но, на граѓаните не им е јасно како воопшто била донесена ваква нелогична одлука без притоа да се размислува за безбедноста на пешаците и се сомневаат во нејзината веродостојност. Џамтоски и понатаму тврди дека се што е направено е во согласност со одлуката за поставување урбана опрема донесена на 11 март оваа година.
–Значи оваа одлука е вака донесена на советот и тука нема никаква временска рамка. Општина Охрид смета дека со ваквата одлука за поставување на урбана опрема и граѓаните и оние кои работат со угостителските објекти ќе имат бенефит, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.
Но во истата таа одлука во член 2 стои дека:
При организација на површините за поставување урбана опрема особено да се внимава да не се наруши основната намена во просторот и безбедноста во сообраќајот (да не се поставува опрема што ќе претставува бариера при движење на пешаците-дополнителни маси, корита за цвеќа, рекламни паноа и слично). Но, овој член како што може да се види на терен не е испочитуван.
Се поставува и прашањето каде е стручното мислење на сообраќајната полиција при донесување на вакви решенија од страна на локалните власти, а кои се однесуваат на безбедноста во сообраќајот.
Побаравме информација од СВР Охрид, кој е нивниот став за сообраќајното решение на улицата „Коста Абраш“ и дали било побарано мислење од сообраќајната полиција при носењето на планот за поставување урбана опрема на двата тротоари. До затворањето на дневникот одговор не добивме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град