Години наназад граѓани реагираа дека не можат да ги користат тротоарите кои се за нив наменети бидејќи на нив, во текот на летото се поставени маси и столици.
Дали пешаците кои чекорат по улицата „Коста Абраш“ покрај самиот кеј на езерото во престојнава летна туристичка сезона ќе бидат побезбедни? Години наназад, граѓани кои гравитираат на овој потег реагираа дека наместо да чекорат по тротоарите кои се за нив наменети, тие се приморани да одат по коловоз, бидејќи на тротоарите се поставени маси, столици и друга урбана опрема. Од Секторот за урбанизам денес велат дека со годинешната програма за поставување на урбана опрема оваа ситуација веќе нема да ја има.
„Во програмата што е донесена за 2015та на тој простор нема маси и столици по тротоарот. Сообраќаница ќе си биде со одреден режим на користење, а на тротоарот нема да има урбана опрема.“-вели Бранко Арнаудов од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.
Урбаната опрема беше дел од предлог одлуките кои се најдоа и на денешната седница на советот на општина Охрид. Советниците дискутираа за предвидените измени и дополнувања на оваа програма. Еве на што тие се однесуваат.
„Се работи за уредување на плажата на потегот од хотелот „Два бисери“, до Елешец. Таа плажа ќе ја уредува државата со сопствени средства и по уредување на истата таа ќе биде отстапена на менаџирање на локалната самоуправа.“-рече Арнаудов.
Инаку покрај точките од сферата на урбанизмот, денес советниците дискутираа и во однос на успешноста во работењето на јавните претпријатија, финансиските резултати од работењето на образовните институции од градов, како и работата на пооделни сектори и одделенија при локалната самоуправа и реализацијата на дел од развојните програми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град