Охрид конечно ќе добие марина. Од локалната сметаат дека најдобрата локација за оваа градба е месноста Воска, веднаш до стадионот. Сега засега се разгледуваат проектите, но едно е сигурно, марината ќе се гради, а покрај неа во овој комплекс ќе бидат сместени и сите водени спортови.
Охрид конечно ќе добие марина. Од локалната сметаат дека најдобрата локација за оваа градба е месноста Воска, веднаш до стадионот. Сега засега се разгледуваат проектите, но едно е сигурно, марината ќе се гради, а покрај неа во овој комплекс ќе бидат сместени и сите водени спортови.
„ Планираме марината да ја изградиме веднаш до стадионот. Би влегувала околу 100 метри во езерото во длабочина и би се ширела лево према Канео и Лабино на околу 100, 120 метри во форма на буквата Т,. Поголемиот крак би бил према Охрид односно према Лабино, а помалиот према Струга“, истакна градоначлникот Александар Петрески.Градоначалникот открива дека покрај во вода градба ќе има и на копно. „Во делот од стадионот ќе треба да се направи ископ за бродовите, каде истите ќе можат да се влечат на суво, за да може да се направи техничкиот преглед или потребната поправка. Ние мораме да создадеме услови за тоа“, додава градоначалникот Петрески.
„Би се ископал еден канал во стадионот и во тој канал би влегувале бродовите. Потоа од него би се празнела водата и со тоа бродовите би останале на суво за технички преглед. Тука би била и бензиската пумпа каде би се точело гориво. Сигурно дека во останатиот дел повторно би го искористиле за содржини кои се за развој на спортот“, вели Петрески.
Идејата на градоначалникот на едно место да бидат сите водени спортови, да се изградат хангари за нив, како и да се дислоцираат бродовите од пристаништето е од поодамна. „Бродовите би биле закотвени тука, а на пристаниште би доаѓале исклучиво кога ќе треба да соберат патници. Затоа што на местото каде што сега стојат бродовите треба да има јахти и едрилици. Тоа место во стригиот центар на градот ќе чини многу скапо доколку некој сака токму тука да го паркира својот пловен објект. Познато е дека во други држави овој тип на паркиралишта чинат и над 7000 евра за годишно паркирање“, додава Петрески.
Градоначалникот додаде дека сеуште не се знае дали марината и сите останати градби кои ќе се градат ќе ги финансира локалната самоуправа или пак сето тоа ќе се градади со јавно приватно партнерство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град