Марија Ѓиноска од ООУ „Живко Чинго“ најдобра млада библиотекарка

Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за оваа 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска. 

 |   | 

Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“. На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Христо Узунов“, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

Организатор на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе биде Библиотечното здружение на Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top