Точките кои требаше да го збогатат дневниот ред, седницата ја одолговлекоа до недоглед.
Дискусија во недоглед. Иако најавувана како интересна, 45-та седница на Советот на општина Охрид запна пред да почне. Првата точка со која беше збогатен дневниот ред, а се однесуваше на Разгледување на влијанието на зголемувањето на цените на енергенсите врз работењето на образовните институции и Јавните претпријатија од градов, беше точката која предизвика дискусија од речиси два часа. Предлагачот на оваа точка, Градоначалникот Александар Петрески истакна дека проектираните цени на горивото со кои започна школската година иако многу пониски од овие нови цени, не можеле да се покријат со блок дотациите од Министерството за образование. Сегашното зголемување на цените ќе предизвика потреба од дополнителни 30 милиони денари за греење. Ценовниот шок на енергенсите дополнително ќе ја отежне и работата на ЈП „Охридски Комуналец“ бидејќи на почетокот на годинава, од ова претпријатије информираа дека причина за зголемувањето на цените на нивната услуга, се токму високите цени на горивото. Градоначалникот Петрески најави и можни нови зголемувања на цените на услугите на ова Јавно претпријатие.
„Сметаме дека ЈП „Охридски комуналец“ доколку продолжат да растат цените на горивото, ќе мора да ги подигне и цените на своите услуги, за да може да ги опслужува граѓаните за што е формирано“ објасни Градоначалникот Петрески.
Од Советничката група на Вмро-Дпмне со реакција. Координаторот Дејан Паноски истакна дека за ваква точка потребна била претходна координација. Согласен дека зголемувањето на цените на енергенсите, влијае на сите економски субјекти но се посомнева во моќта на Советот да влијае врз оваа проблематика.
„Се поставува прашањето со една ваква иницијатива, колку советот на Општина Охрид, реално може да помогне со донесувањето на еден ваков заклучок, зошто не треба да заборавиме дека цената на горивата се формира на светксиот пазар“ рече советникот Паноски.
По обемната дискусија, на советот му беше потребен повеќе од еден час да се донесе заклучокот по оваа точка. Се прелета преку Предлог одлуката за новиот режим на сообраќај, за да повторно се развие дискусија, по извештаите за финансиското работење на Основите училишта. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Љубица Смилеска Мојсоска забележа дека извештаите во иднина треба да се изработат по еден терк. Таа јавно запраша за приходите во донаторските сметки на училиштата, поточно, како се прави нивната распределба.
„Моите сознанија се дека приходите во донаторските сметки доаѓаат од ЛС, а ако е така по кој критериум локалната ги пренесува до училиштата тие средства, а ако не се од Локалната од каде доаѓаат овие средства и зошто не е наведена.И зошто во сметки не се наведени приходите и расходите за работи кои се организираат, како униформите, сликањето, екскуризиите итн“, запраша советничката Смилеска.
Јоне Станкоски советникот од редовите на ВМРО Народна ,истакна дека не треба да има недоумици, дека сите средства се распределуваат наменски, а директорите не располагаат со дополнителни средства, па со нив да се расфрлаат.
„При носењето на буџетот на О.Охрид уште тогаш кажавме дека фалат средства кои се однесуваат и на превозот и за греење. А средствата од сопствената и буџетската сметка се средтсва кои доаѓаат од буџетот на оптината, зошто во наменската сметка фалат средства, односно оние кои требад а ги префрла Владата“ објасни советникот Станкоски.
На Охридските советници, за конструктивна дискусија им остана и усвојувањето на Извештајот за остварените приходи и трошоци на буџетот и неговата завршна сметка за 2011-та, како и Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за отстапување на правото на одржување на дел од водоснабдителниот ситем на подрачјето на општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид на МЈП „Проаква“ Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град