Маратонско издание на 38-та седница на Советот на Општина Охрид

Поголемиот број од точките на дневниот ред, не добија зелено светло од страна на охридските советници.

 |  Крсте Голабовски  | 
sednica sovet
седница на Совет

sednica sovetМаратонска и мачна 38 – ма седница на Советот на Општината. Уште на самиот нејзин старт, советниците од редовите на ВМРО народна, истата ја напуштија: Објаснување, знак на протест поради деградацијата на највисокотот тело Советот, од страна на општинската админстрација со тоа што советниците не биле информирани за ниту еден културен настан кој под нејзин патрон бил организиран, ниту за посетата на странските делегации на општината. Побараа канцеларијата на Претседателот на советот да биде нон-стоп отворена, како и отворање на канцеларија за советници. Градоначалникот обвинувањата ги отфрли како невистинити и кажа дека нема да дозволи никакви уцени за администрацијата. Инаку дневниот ред на седницта на барање на Градоначалникот Петрески беше збогатен за уште три точки и тоа: Предлог одлука за долгорочно задолжување на Општина Охрид, предлог одлука за започнување постапка за започнување јавно приватно партнерство за одржување на јавното осветлување и Предлог одлука за усвојување УП вон населено место, Св. Еразмо. Првата точка со амин од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот Паноски дека пред и се нивна интенција е Охрид да оди напред.

sednica sovetСоветниците од редовите на СДСМ согласни дека со кредитното задолжување на општината во висина од 4 милиони евра, конечно Охрид ќе влезе во втората фаза од фискалната децентрализација. Критики беа упатени и кон извештајот за работењето на Одделението за комунални такси. Советничка Јованка Секуловска кажа дека во извештајот се наведени само 10 објекти кои го користат просторот околу нив за комерцијални потреби, а кој треба да служи за слободно движење на луѓето. Секулоска потенцира дека  всушност има  многу повеќе објекти. Извештаите кои се однесуваа на реализација на програмите кои се однесуваат на активности од комуналната сфера, ги разбудија страстите. Советниците од ВМРО_ДПМНЕ, не подржаа ни една од шесте точки, поради нискиот процент на реализација на програмите. Градоначалникот во одбрана, со објаснување дека процентуалниот износ на реализација се однесува на направените трошоци, односно да не се суди според реализацијата на финансискиот дел.

Не поминаа ни извештаите кои се однесуваа на реализацијата на програмта за подршка на ЛЕР како и програмата за потикнување на развојот на Туризмот. Советничката Секулоска со став дека како и годините наназад, не се нуди ништо ново. Ништо што би ја сменало аутистичната слика во која се наоѓа туризмот.

Вината пак за ваквата сосотојба во која се наоѓа туризмот, советникот  од редовите на СДСМ Ѓорги Танески, ја наоѓа на друга адреса.

Без претставник од ЈП „Комуналец“ кој би застанал во одбрана на Одлуката за утврдување на цени за вонредно чистење на улиците кое што го врши ЈП „Охридски Комуналец“, истата не ја доби довербата на советниците. Советниците од ДПМНЕ со став дека потребно е да се направи дополнителна анализа на пресметката за оваа нова давачка, за временската рамка во која би се наплакала давачката и објаснување зошто уште една давачка кога веќе има износ кој инвеститорите го плаќаат. Седницата беше прекината поради дополнителни консултации  кои се однесуваа на двете последни точки од дневниот ред со кои беше збогатен денешниот дневен ред и тоа, предлог одлуката за започнување постапка за започнување јавно приватно партнерство за одржување на јавното осветлување и Предлог одлука за усвојување УП вон населено место, Св. Еразмо.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top