Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон

Најголемата спортска манифестација во РМ,   Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи по 29ти пат. Подготовките се при крај, а во организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Во годинешната трка ќе учествуваат само 20 маратонци.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република.

Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина. Во име на сите охриѓани им посакувам многу среќа на маратонците мирно езеро и нека победи најдобри, изјави секретарот на Општината Охрид, Димитар Спасески.evgenij

На овогодинешното издание на маратонот учество ќе земат само 20 маратонци што во однос на минатите години е доста помала бројка. Минатогодишните победници Брајан Рикеман од Белгија и Силвија Рибарова од Чешка не се воопшто пријавени за да го бранат првото место освоено на 28от Охридски пливачки маратон.

Учеството на десеткилометарската трка и пред Олимписката година си го направи своето. Сите пливачи на некој начин се чуваат за учеството на Олимпијадата следната година која сите знаеме е врв на еден спортски пат. Сепак, маратонот воопшто не е ослабен тука се најдобрите четири рангирани пливачи и четирите македонски маратонци и се надевам не незаборавна трк, додаде Јанe Карајованов, одговорниот за техничкиот дел на трката.

И оваа година, македонскиот адут Евгениј Поп-Ацев ќе се бори за првото место на охридскиот маратон. Тој очекува силна и неизвесна трка иако бројот на натпреварувачи е помал во споредба со минатите години.
Изјава Евгениј Поп-Ацев-пливач

Охридскиот маратон е приказна за себе и не случајно е еден од поомилените на неколку врвни маратонци во светот. Тоа доволно кажува колку сериозно се пристапува кон маратонот. Имав некои одредени здраствени проблеми поради збиениот распоред, но до в сабота се ќе биде во ред и со сите сили ќе се борам за првата позиција, рече Поп -Ацев.

Покрај искусните Евгениј Поп-Ацев и  Томи Стефаноски, под македонското знаме ќе пливаати Александар Илиевски и Александар Панчевски. Покровител на трката е Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, а наградниот фонд изнесува 10 000 американски долари.  Маратонот ќе се плива во сабота на 29 август, стартот е во Свети Наум во 12 часот, а најбрзите пливачи на охридското пристаниште треба да пристигнат околу 17.30. После тоа следува богата културно-уметничка програма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top