Охридскиот пливачки маратон започнува утре во 12,00 часот.
Четири македонски меѓу 28 те маратонци кои ќе се борат за првото место на 27-от Охридски пливачки маратон. Нашите надежи дека можеби годинава сепак македонец ќе биде прв или меѓу најдобрите, насочени кон најискусниот маратонец Томи Стефаноски, кој заедно со Евгениј Поп Ацев го делат второто место во генералниот пласман, но не помалку надежни се и останатите двајца Александар Илиевски и Александар Панчевски. За тоа дека Стефаноски е навистина подготвен за победа говори и фактот што дел од неговиот тим е Бугаринот, Петар Стојчев, кој од 20 учества на маратонот победи дури 11 пати.
„Никогаш не се прогнозира со сигурност на маратонските трки, освен Петар во минатото, меѓутоа јас секогаш давам максимум. Пред трката многу е тешко да педвидиш како ќе одат работите бидејќи факт е дека оној кој е најсвеж и се чувтсвува најдобро може да дојде во пиедесталот. Годината јас го направив најолемиот успех на македонското маратонско пливање и се надевам дека утре ако не прв, ќе бидам на чекор до првото место“, истакна маратонецот Томи Стефаноски.
„Пред 20 годни за прв пат дојдов во Охрид и мислам дека многу научив за овие 20 годни. Сметам дека може да победи само оној кој има многу голема желба. Охридскиот е специјален маратон затоа што условите во Охридското Езеро се многу блиски спрема оние во базен.Тоа значи дека оној кој не е спремен да држи брзо темпо нема да стигне прв до крај“, истакна Петар Стојчев.
Годинава на маратонот ќе биде неизвесно како ретко досега. На пресс конференцијата меѓу подобрите претенденти за пиедесталот беа истакнати двајца пливачи од Италија, двајца од Франција, двајца Аргентинци, двајца од Македонија, од Чешка, потоа еден како што го нарекоа брз пливач од базен од Бугарија или се на се околу 11 луѓе кои атакуваат на победа.
Од Пливачката федерација на Македонија велат дека ќе се погрижат утрешната трка да помине во најдобар ред, пред се поради безбедноста на самите пливачи, а и поради самата публика која е дојдена за време на викендот да ги бодри пливачите. Но, преставникот на ПФМ и делагат Јане Карајованов ни на пресс конференцијата не прецизираше скоро ниту еден технички податок за трката и новинарите, туку за се не упати да се обратиме кај делегатите на трката.
Карајованов на крајот сепак даде еден податок дека маратонците утре ќе ги пратат 50 чамци, но не допрецизира дека бројот на чамците кој до вчера бил 30, се зголемил на 50, по реакцијата на локалната дека тие плаќаат 300.000 денари за 60 чамци, а од ПФМ пријавиле 30. Карајованов уште кажа дека маратонците ќе ги пратат и три брзи бродови, полицијата и војската. А на прашањето дали Црвениот крст е вклучен во маратонската трка карајованов рече:
„Црвениот крст не е вклучен во самиот маратон затоа што е вклучена брзата помош и медицински екипи. Црвениот крст не е медицинска екипа. Медицинска екипа помага, затоа што има желба да помогне. Оваа година незнам дали имаа желба да бидат дел од маратонот?“, истакна Карајованов – делагат и член на ПФМ.
Инаку година за прв пат трката ќе ја прати и делагат за безбедност, кој истакна дека на маратонот е запазено се што е според правилата на ФИНА.
„ Важно е да се одржи овој маратон кој има историја. Езерото е убаво и безбедно. Пливачите се во одлична кондиција. Температурата на водата е идеална.Мислам дека ќе имаме одлична трка. 30 километри не е мала трка, но ќе биде возбудливо“, истакна Ван Ден Хугенбанд, делегат на ФИНА – медицина.
„Јас мислам дека се е добро досега, да не речам одлично. Стартот ќе биде подобар од минатата година. Ние имаме многу бродчиња кои ќе ја пратат безбедноста на пливачите, а ќе не пратата и од полицијата и војската и мислам дека пливачите ќе бидат добро“, истакна Жан Пол Нарси, Делегат на ФИНА за безбедност.
27 от Охридски пливачки маратон ќе се одржи утре со почеток од 12.00 часот. Ќе го пливаат 28 пливачи од кои 17 мажи и 11 жени. Покровител на маратонот е престедателот на Р Македонија Ѓорѓе Иванов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град