Синоќа учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“ со свечената приредба, која мина во знакот на екологијата, ги заокружија активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Некои со големи, некои со помали улоги во училишниот настан, но сите среќни поради придонесот во чествувањето на светецот чие име го носи нивното училиште.
Директорката на училиштето, Славица Илич кажа дека намерата е секоја наредна година да биде што поинтересна и секоја година со различен белег. Оваа година, истакна Илиќ активностите траат во текот на цела оваа недела, од кои неколку беа реализирани во текот на претходната, како што беше крводарителската акција, која со успех беше реализирана на иницијатива од училиштето. Треба да се истакнат и спортските натпревари во шах и пинг понг, како и историскиот час кои се дел од програмата.
Освен синоќешната приредба, која беше своевидно финале на активностите, за истакнување се и нагледните часови, изложбата на уметнички фотографии, како и културно уметничката вечер со колегите од училиштата од општината. Свеченостите ќе завршат со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Св.Климент утре во 11 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град