Во професионалното балетско студио на професорката Ана савиќ, најмладите охриѓанчиња учат како да станат дел од оваа уметност.
Во професионалното балетско студио на професорката Ана савиќ, најмладите охриѓанчиња учат како да станат дел од оваа уметност.
Со прекрасните звуци на Лебедовото езеро од Чајковски не пречекаа младите балерини од Професионалното студио на професорката Ана Савиќ.
Понесени од љубовта кон оваа уметност тие редовно ги посетуваат часовите по балет и ги следат инструкциите на својата професорка. Ги има на различни возрасти. Најмладите членови имаат три години.
Часовите во ова балетско студио, веќе година дена, се одржуваат во просториите на детската градинка Развигорче. Идните балерини посетуваат настава по класичен, но и модерен балет.
Уште од три- годишна возраст балетот е најголемата љубов на професорката Ана Савиќ. Средна балетска школа завршила во својот роден град Белград, за со навршени 18 години да се вработи како балерина во Македонскиот народен театар во Скопје. Во истата институција и се пензионирала. Веднаш потоа, како свое место на живеење го избрала Охрид.
Членовите од ова професионално балетско студио се уште немале можност да учествуваат на натпревари. Како што потенцира професорката, причина е немањето пари и спонзори. Пред се средства кои би се искористиле за набавка на костими.
И покрај се, Савиќ е оптимист дека ова професионално балетско студио наскоро ќе прерасне во 4- годишна школа.
Во тек се подготовките за завршната годишна балетска претстава која ќе се одржи на 14 јуни во Центарот за култура Григор Прличев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град