Продолжува уништувањето на кровот на Маларична. Викендов, под налетот на дождот попушти дел од покривот и се урнаа малтерот и трската над дел од стоматолошкиот оддел. Утрово, градежниот материјал се расчистуваше и кај пациентите внесе доза на несигурност. Од друга страна, распаѓањето на кровот на Здрваствениот дом Маларична не е ништо ново. Вакви одрони на кровната конструкција имало и порано. Но, министертсвото за здравство нема пари за поправка или препокривање на оваа установа.
Директорот на Здравствен дом д-р Митко Дабески не беше изненаден од распаѓањето на кровот. Тој кусо одговори дека Маларична не е влезена во објектите за реконструкција, бидејќи се планира изградба на нов современ поликлинички центар.
Охриѓани подолго време чекаат современ поликлинички центар, но кога ќе отпочне неговата изградба, д-р Дабески е без одговор. Информира само дека пред 3 недели е вложена жалба до Второстепената Комисија при Министерството за транспорт и врски за спорната документацијата со Локалната самоуправа за издавање дозвола за негова изградба. Современиот Здравствен дом според проектот е планирано да се гради во кругот на Општа болница –Охрид на површина од 3000 м квдатратни. Проектот требаше да стртува од месец септември ,а за негова изградба треба да се одобрат 2,3 милиони евра, пари од Светска банка. Преставници од светска банка требаше да го посетат Здрвствен дом на крајот од мај, но се очекува нивната посета да се одложи по завршување на праламентарните избори, најави д-р Дабески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град