„Мала шмизла“ прво место на годинешнава тортијада

Тортијада традиционално по 21 пат во Охрид. Во категорија „професионалки“ и „аматерки“, вредните охриѓанки навистина имаа подготвено прекрасни торти. Најдобрите три и од двете категории понесоа парични награди кои ги обезбеди Мирјана Тодоровска, покровител на манифестацијата.

 |  Николоска Биљана  | 

Прекрасна галерија на торти од охридските вешти домаќинки. Синоќа во хотелот Нова Ривиера во Охрид се одржа 21 та по ред „Тортијада“. Оваа манифестација која што е во организација на здружението на жени „Бисера“, е традиционална и од година во година мајсторијата на професионалките и аматерките се повеќе доаѓа до израз. И оваа година Мирјана Тодоровска наша иселеничка во странство беше покровител на Тортијадата, која обезбеди парични награди за првите три места во категоријата „Професионалки“ и исто толку и за втората категорија „Аматерки“, пренесува претседателката на „Бисера“, Наде Мартиноска.

Кога сме сами ние жените секогаш разговараме која што направила, тоа е како некоја преокупација. Има многу убави торти, многу рецепти и низ годиниве сме имале прекрасни торти како креации на нашите жени. Убаво е да продолжиме со оваа традиција да ја негуваме затоа што еднаш годишно се собираме и убаво е некој да ја поддржи оваа манифестација бидејќи не е лесно и едноставно да се организира

Задоволството кое што се забележува на лицата од учесничките говори повеќе од се, колку тие се подготвени и колку со душа чекаат да го претстават своето слатко ремек дело пред присутните гости. Македонка Дервушоска за прв пат учествува на оваа манифестација и ни кажа како дошла до идеја да ја направи токму оваа торта.

За оваа тортијада ме поттикна мојата внука, бидејќи доаѓа Нова година направивме една торта, Новогодишна идила, тоа е заслуга на мојата внука која ми помогна и во изготвувањето на тортата правејќи ги фигурите. Мојата торта кога би се дегустирала…е домашна….тортата е тешка, има само 6 лажици брашно, но кога се има волја и желба се можи се“.

Очите застануваат на сите торти, но за најдобрите три во двете категории одлучи жири комисијата составена од експерти во својата професија, проф. Гордана Речкоска, проф. Ангела Крстаноска Василевска и Наташа Спасеска Цветкоска. Прво место торта „Мала шмизла“ во категоријата професионалки и припадна на слаткарница Анабела, второто место го доби тортата „Свето писмо“ од слаткарница „Теодина“ и
трето место жири комисијата го довери на тортата Чизкејк од слаткарата за смути и здрави слатки „Фрутибокс“. Додека пак во втората категорија слаткари аматери беа избрани: торта Замок од Валентина Адамова ја понесе првата награда во висина од 3000 ден, 2000 денари доби Новогодишната идила од Македонка Дервушоска и
трето место тортата Кочија од Катарина Љубичиќ, која за нејзината изработка беше наградена со 1000 ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top