Конечно ќе се направи малиот плоштад кај некогашната библиотека. Од Секторот за ТЛЕР изготвија проект и изнајдоа средства, останува уште неговата реализација. Oхриѓани уште есенва ќе можат да уживаат на овој простор.
Малиот плоштад кај некогашната библиотека ќе се гради со германски средства. Од Секторот за ТЛЕР велат дека идејата за овој проект дошла одкога воспоставиле контакти со преставници на општината на градот Визмар од СР Германија кој истотака е заштитен од УНЕСКО и има сопствен фонд за финансирање на мали проекти кои изнесуват од 10 до 12000 евра и тоа за реконструкција и заштита на стари споменични јадра или простори.
Локалната од овој фонд планира да извлече 12000 евра а целокупниот проект чини 18 183 евра. Останатите пари ќе ги даде локалната, вели Горан Мицковски од Секторот за ТЛЕР.
Мицковски потсетува дека Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор партерно да биде уреден и да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење.
На овој простор не се потребни големи градежни зафати и би можел за брзо време да се уреди, вели Мицковски.
Тој додава дека охриѓани уште есенва ќе можат да уживаат на малиот плоштад.
Инаку, со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Но за тоа посебно ќе се изнаоѓаат средства, објаснуваат од ТЛЕР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град