„Макпетрол”: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови

Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери.

 |   | 

Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери.

Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта” во недела не работи. Исто така и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици – истакнуваат од „Макпетрол”.

Компанијата вчера уште во раните утрински часови, го обезбеди сето расположливо гориво од „Окта”, а истото во текот на вчерашниот ден и во ноќните часови беше испорачано на локациите на „Макпетрол”.

Очекувањата се дека снабдувањето со сите видови горива на бензинските станици на „Макпетрол” во следните денови ќе се нормализира.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top