Во Македонија годинава регистрирани 1100 азиланти.
Македонските институции бараат начин како да се справат со мигрантите и барателите на азил во земјата. Тоа е повод за организирање на конфереција на судии од Управен суд и Виш управен суд кои постапуваат по предмети од областа на азилот и миграциите, како и за судиите и јавните обвинители кои постапуваат во предметите на организиран криминал од областа на криумчарење мигранти, Секторот за гранични работи и миграции во МВР. Судијата Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, укажува на актуелната ситуацијата на прилив на бегалци и баратели на азил во земјава. Тие бараат обајснување за ситуацијата и положбата на тие луѓе за време на престојот во тие центри.
„ Најголем дел од овие луѓе илегално, самостојно ја преминуваат границата, но дел од нив се и субјeкти на криумчарење на мигранти кои се сместуваат во транзитни центри. Затоа денес ги поканивме не само судите од Управното судство, кој редовно присуствуваат и одлучуваат по однос на овие права туку и претставниците од Министерствотото за внатрешни работи, сектор гранични работи ги поканивме од организиран криминал, Јавното обвинителство, судовите кои работат предмети од бласта на криумчарењето на мигарнти и претставници од транзитниот центар да ја објаснат ситуацијата во каква положба се наоѓаат бегалците за време на престојот во центарот.“
Мохамад Ариф, претставник на Унхцр во Скопје кажа дека имаат соработка со македонските институции. Заедно се обидуваат да најдат начин како да се справат со ситуацијата. Во Македонија годинава се регистрирани околу 1100 баратели на азил, кажа Ариф.
„Бројка која не е поголема од лани на регистрирани азиланти. Факт е дека можеби има поголема бројка на луѓе кои поминуваат низ земјата и се обидуваат да стигнат до Европските земји, а владините институции се обидуваат да се справат на најдобар можен начин со ситуацијата“, рече Ариф.
Од канцаларијата на Унхцр потсетија на фактот дека целата меѓународна заедница има обврска да им помага на луѓето од земјите каде се случува војна, нивната организација секаде каде што може помага.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град