„Македонските древни ковани пари“ – нова книга на Ангелина Маркус

Станува збор за уште еден доказ за македонскиот идентитет, вели авторката.

 |  Тања Кувенџиска  | 
naslovna
насловна

Македонските древни ковани пари- е насловот, а воедно и содржината на новата книга на Ангелина Маркус.
Станува збор за уште едно дело на овој автор во кое се потврдува македонскиот идентитет. Тоа се кованите пари, пронајдени низ вековите во регионот на Македонија.

Angelina Markus„Чувствувам дека ми е обврска фактот да го земам во раце и да и го покажам во јавноста“ , вели авторот Маркус која потенцира дека во нејзините книги се разоткрива се она што е вистинито за Македонија.

Професорката по филозофија, Ангелина Маркус, со своите книги постојано ја бранува македонската јавност.

Родена е во Тополчани, село низ кое минува царскиот пат познат уште пред 2.500-3.000 години, особено значаен за времето на Архелај и Филип.
По дипломирањето во Скопје поголемиот дел од работниот век го минува како професор по филозофија.

По смртта на нејзиниот сопруг, госпоѓа Маркус своето знаење го преточува во дела посветени на си она што е македонско.

Ги има напишано книгите: 

“По трагите на Македонците”,

“Македонски древни вредности”,

“Македонија на Македонците”,

“Филип II Македонецот”,

“Македонска древна медицина”,

“Поеми за македонските цареви”, како и голем број фељтони и рецензии.

 

{loadposition content9}          

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top