Полека, ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје. Причини за тоа има многу.
Јазикот е нашата татковина, рекол големиот Блаже Конески. Но, за жал полека ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува, заменет од некои извитоперени кованици и примеси од странските јазици. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје за да го изучуваат Македонскиот јазик и да можат да ги учат наредните генерации како правилно да говорат и пишуваат. Причини за тоа има многу. Најголем проблем е вработувањето, затоа младите тешко се одлучуваат да студираат на Филозофскиот факултет. Друга причина е непочитувањето на Законите. На пример секоја институција мора да има овластен лектор, но нема ниту една, со чест на ретките исклучоци.
Да не се случува нелекторирани текстови да излегуваат во јавност, да се внимава во медиумите бидејќи речиси во ниту еден од нив нема лектори, да се почитуваат Законите и да се создаде амбиент Македонскиот литературен јазик да се практикува секаде. Посебно кога станува збор за јавност и за документација бидејќи доаѓа до проблеми на пример при судски документи, нотарски извештаи, вели Милчо Јованоски, дипломиран лектор по Македонски јазик.
Државата е таа која треба да ги спроведува законите и да си го заштити јазикот. Во последно време се прават некакви напори околу тоа. Советот за македонски јазик и литература кој постоеше од кога постои и официјалниот Македонски јазик, а кој години наназад не функцуионираше, повторно е возобновен како и полагањата за лекторски испити.
Тоа црвено копче одамна е запалено и на тој план ќе мора нешто да се преземе зошто никој не би го изучувал јазикот ако нема иднина, во смисла на вработување. А, јазикот сигурно има иднина бидејќи ние на него зборуваме, пишуваме, се изразуваме, но мора да се поведе сметка кој се пишува и како пишува, но и како зборува. Треба да се практикува литературниот македонски јазик,а не дијалектите, вели Јованоски.
Непочитувањето на македонскиот јазик може да се види насекаде околу нас, додава Јованоски. Речиси сите фирми се напишани на Англиски јазик и на латиница, а со Закон е пропишано дека мора да се на Македонски јазик и со кирилично писмо. По институциите насекаде можат да се сретнат погрешно напишани зборови, непочитување на правописот и интерпункциските знаци. Медиумите пак, кои треба да се прозорец кон светот за широките народни маси се приказна за себе. Секојдневно безброј грешки во наслови, текстови, акцентирање и што уште не. Пет до дванаесет е да се потсетиме сите на она што значи Македонски литературен јазик, вели Јованоски. Тој сугерира што почесто да се користи електронскиот речник кој од неодамна функционира и сите кои имаат некоја дилема околу зборовите на Македонски јазик да го отворат и да проверат пред нешто да напишат или јавно да изговорат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град