Утрово делегација на локалната положи свежо цвеќе пред спомениците на хероите од НОБ.
Делегација на Советот на Општина Охрид денес со свечени активности го одбележува празнувањето на двата Илиндена. Во градскиот парк, пред спомениците на Христо Узунов ,Методи Патче, и хероите од НОБ Андон Дуков и Спас Банџов делегацијата на Советот на општина Охрид и Локалната самоуправа , Сојузот на борците на НОБ и други институции и организации во знак на почит положија свежо цвеќе.
„Локалната самоуправа и општина Охрид со низа на активности и манифестации го одбележува најголемиот национален празник на македноскиот народ кој е симбол на борбата на македноскиот народ за слобода и самостојност. Централната манифетација се одржа синоќа во селото Велгошти каде имаше обраќање градоначалникот на општина охрид и каде имаше пригоден културно уметничка програма. Денеска традиционално се поклонуваме пред дејците кои исто така ја симболизираат борбата на македонскиот народ за слобода и самостојност и положуваме свежо цвеќе во име на локалната самоуправа“, истакна претседателот на совет,Гордана Коњановска.
Делегацијата на општина Охрид, свежо цвеќе положи и пред спомен – плочата на Прентов Мост, каде се одржаа традиционални манифестации кои и оваа година ги подржува локалната самоуправа. Свежо цвеќе, историски час денеска и пред споменикот на паднатите борци од с. Плаќе во востанието на Рашанец. Таму беше изведен и импровизиран напад на селото од комитите.
Одбележувањето на Илинден во Општина Охрид започна од вчера, кога во очи на празникот, традиционално и оваа година со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти . Пред споменикот се поклонија делегации на општина Охрид, политички партии, институции и поединци.
На свеченоста присуствуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град