Претставување на Македонската филхармонија,во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Со оркестарот ќе настапат пијанистите Серџо Тјемпо и Ратимир Мартиновиќ, а ќе диригира Маестро Борјан Цанев.
„Посебно место на фестивалот имаат нашите групи и оркестри, вели Гордана Јосифовска“, музичкиот селектор на „Охридско лето“.
Серџо Тјемпо во текот на својата кариера има соработувано со голем број пијанисти и професори,а активен е и како камерен музичар.„ Големо задоволство ми претставува настапот со Македонската филхармонија, токму на овој концерт чија тематика го слави животот“, вели овој врвен пијанист.
„Доаѓам во Охрид по пауза од 15тина год. Тогаш настапував како студент. Пресреќен сум сум што ќе бидам дел од еден толку реномиран фестивал“, изјавува пијанистот Ратимир Мартиновиќ.
„Особено ми е драго што ќе настапам со овие врвни уметници, со преубава музика на концертот. Публиката ќе има можност да ги слушне делата од Рахмањинов 2 која е многу често изведувана и Чајковски 2 која е преубава, меѓутоа не е многупати изведувана“, најавува Маестро Борјан Цанев.
Македонската филхармонија ќе се претстави во предворјето на црквата„Св. Софија“ утре во 21часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град