Македонија засега не се наоѓа во енергетска криза

Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму.

 |  Лионела Јаковлева  | 
samit energetika
samit energetika

Доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори Македонија може да ја зафати енергетска криза, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи тоа, додаваат од таму.

„Македонија не се наоѓа во енергетска криза. Но, доколку за брзо време не се најдат нови енергетски извори тоа може да се случи“, велат од Здружението на енергетичарите на Македонија кои заедно со многу видни гости од Европа и Светот овие денови во Охрид  ќе разговараат на повеќе теми поврзани со енергетиката и новите енергетски извоири.

Искуствата и заклучоците од оваа средба ќе бидат основа за понатамошните решенија кои ќе ги носи владата во врска со оваа проблематика, вели Зоран Божиновски, претседателот на ЗНЕМ.

hotel Belvi„За некоја година неопходна ќе стане потребата од изградба на нови енергетски капацитети, тврди Божиновски. Но за тоа се потребни повеќе години. Изградбата на хидроцентрала трае осум години а за изградба на термоцентрала потребни се дури десет години“. Затоа, додава тој во овој правец мора да почниме да размислуваме што поскоро.

Божиновски вели дека Македонија располага со рудно богатство кое е добар енергетски извор, а кој сега не е доволно искористен, а истаа е состојбата и со гасот. Со негово користење ќе се зголеми заштитата на животната средина, потенцира Божиновски.

„Македонија треба да размислува дали во иднина како енергетски извор ќе ја користи и нуклеарната централа која веќе се гради во Бугарија. Треба да направиме се што можеме за да не ни се случи криза за електрична енергија“, кажува  Божиновски.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top